Четири секојдневни лоши навики кои го стареат мозокот

Фото: Профимедиа

Многу секојдневни навики придонесуваат за лошо здравје на мозокот, но истражувањата покажаа дека следните четири навики може да имаат најголемо влијание, односно најлоши последици.

Тоа се премногу седење, недостаток на дружење, несоодветен сон и хроничен стрес.

„Меѓутоа, она што е добро во целата оваа приказна е фактот дека токму овие навики најлесно може да се променат“, вели д-р Рудолф Танзи, невролог во Општата болница на Масачусетс во Бостон, САД.

Премногу седење

Просечен возрасен човек седи шест и пол часа дневно, а сѐ тоа негативно влијае и на здравјето на мозокот. Студијата објавена во списанието „ПЛОС уан“, покажа дека премногу седење води до значителни промени во делот од мозокот што е клучен за помнењето. Истражувачите користеле скенирање со магнетна резонанца за да го следат медијалниот темпорален лобус (МТЛ) – областа на мозокот која создава спомени, кај луѓе на возраст од 45 до 75 години. Тие потоа ги споредиле снимките со просечниот број часови седење дневно. Според наводите, оние кои седеле најдолго, имаат потенки МТЛ регии. Истражувачите велат, состојбата на МТЛ може да биде претходник на умственото опаѓање и деменција.

Недостаток од дружење

Осаменоста е поврзана со депресија и поголема можност за Алцхајмерова болест, а и тоа може да го забрза когнитивниот пад. Испитувања од јули 2021 година покажаа дека луѓе кои се помалку социјално активни, губат повеќе од сивата материја на мозокот – надворешниот слој одговорен за обработка на информации.

Несоодветен сон

Според наводите на ЦДЦ, една третина од возрасните не спијат препорачани седум до осум часа сон. Истражувањето во списанието „Слип“ од декември 2018 година покажало дека когнитивните вештини како што се помнење, расудување и решавање проблеми, опаѓаат кога луѓето спијат помалку од седум часа навечер.

Хроничен стрес

Тоа буквално ги уништува мозочните клетки и го намалува префронталниот кортекс – областа во мозокот одговорна за меморија и учење. Главен предизвикувач на стрес кај постарите возрасни луѓе е пристапот кон сѐ, како работите да треба да бидат токму онакви какви што личноста ги замислува, истакна Танзи.

Тој начин на размислување може да предизвика негативни реакции што го зголемуваат нивото стрес секогаш кога работите не одат како што се замислени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот