Четири „бјути“ навики од кои треба да се ослободите пред 30-тата

Anthony Tran/Unsplash

Со завршувањето на третата деценија од животот, жените треба да пристапат кон посериозна нега и навики, а треба и да се ослободат од она што може да наштети.

По навршувањето на 30-тата, кожата почнува да се менува со многу поинакво темпо, што бара и промени на одредени навики.

Никогаш не спијте со шминка

Нашата кожа со текот на годините бара поспецифична нега, а тоа подразбира и редовно чистење на шминката. Никогаш не дозволувајте уморот да ве надвладее и да си легнете со шминка. Користете специјални лосиони за отстранување на шминката.

Промени во телесната тежина

Нашето тело се менува по 30-тата. Во своите 20-ти вашиот организам може да поднесе поголеми осцилации. Но, во тој период и метаболизмот ви е побрз. Затоа, откако ќе наполните 30 години внимавајте на телесната тежина, бидејќи секоја промена е видлива и може да ја оштети кожата.

Претерано изложување на сонце

Изложувањето на сонце е потребно за да може телото да синтетизира доволно витамин Д на природен начин. Но, внимавајте и на лосионите со заштитен фактор. Немојте да користите креми без заштитен фактор, најмалку СПФ 20, за да спречите сушење и предвремено стареење на кожата.

Агресивна козметика

За разлика од 20-тите години, кога можевте да користите пилинзи, средства против акни и тоници за отстранување на маснотијата на кожата. Отсега треба да се посветите на хранливи и хидратантни креми и лосиони, како и да користите понежни средства за миење на лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот