Чешката тенисерка која настрада поради Ѓоковиќ застана во негова одбрана: Сакам Новак да победи на суд

Рената Ворачова одлучи да не се жали на одлукаѕа о да ја на напушти Австралија/ фото: EPA/ANDY RAIN

Чешката тенисерка Рената Ворачова денеска доживеа шок, австралиските власти и ја укинаа визата и беше „приведена“ во хотелот за мигранти во Мелбурн, иако се откажа од Австралија Опен посакува Новак Ѓоковиќ да победи на суд и да настапи на гран слем турнирот.

Од една страна ова што ми се случи е и поради Новак. Мислам дека не сум единствена, медицинско изземање е дадено на уште неколку луѓе. Но, во исто време сакам да го пуштат да игра. Ние сме спортисти, дојдовме во Австралија поради тенисот и не се занимаваме со спорови. Ги прочитавме правилата, ги исполнивме условите и по втората контрола од комисијата добивме медицинско изземање за вакцинација. Не гледам причинада седиме затворени во хотел – изјави Ворачова во телефонски разговор за чешкиот весник „Лидове Новини“.

Тенисерката вели дека е убаво што Ѓоковиќ има поддршка од навивачите кои се собираат пред хотелот за мигранти во Мелбурн во кој и таа се наоѓа, се додека не се реши спорот. За разлика од Ворачова која се откажа од жалба и ќе се врати во Чешка, Ѓоковиќ во понеделник ќе дознае дали ќе може да настапи на Австралија Опен или ќе биде депортиран.

– Се надевам дека Ѓоковиќ в понеделник ќе победи на суд. Но, во мојот случај сè се оддолжи за неколку дена. Не сакам да губам време поради политичката војна која се води тука. Мислам дека федералните власти поради Ѓоковиќ најдоа дупка во законите на сојузната држава Викторија. Сега неговите адвокати можат можат да најдат дупка во федералните закони – додава чешката тенисерка.

Ворачова не се вакцинира против коронавирус, но минатиот месец беше позитвна на ковид-19 со што ги исполни сите услови за да добие дозвола за настап на Австралија Опен.
Таа во декември пристигна во Австралија и немаше никакви проблеми по проверката на документите и веќе настапи на еден турнир, но кога изби аферата со Ѓоковиќ, таа беше префрлена во хотелот за мигранти во Мелбурн од каде ќе биде депортирана во Чешка.

– Не се однесуваа ниту грубо ниту вулгарно, но некои работи не се пријатни. Се чувствувам како во затвор, а најлошо ми беше кога ми соопштија дека ќе ми ја укинат визата – вели Ворачова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот