Австралија и ја укина визата на чешка тенисерка и ја смести во „притвор“

Рената Ворачова ја снајде истата судбина како и Новак Ѓоковиќ/фото: EPA/MARIO CRUZ

Австралиските власти и ја укинаа визата на чешката тенисерка Рената Ворачоцва која моментно се наоѓа во истиот хотел за мигранти во Мелбурн во кој е сместен и Новак Ѓоковиќ.

Ворачова веќе извесен период се наоѓа во Австралија и настапи на ВТА турнирот во Мелбурн, но утринава припадници на австралиската гранична полиција ја спроведоа во „Парк“ хотелот за миграни, пренесува телевизијата Еј-Би-Си.

Извори од австралиската влада и потврдиле на телевизијата дека на Ворачова (38) и е кажано дека мора да ја напушти земјата, но останува да се види дали и таа ќе вложи жалба како Новак Ѓоковиќ.

Чешката тенисерка добила дозвола за медицинско изземање од вакцина против коронавирус, но поради хаосот кој настана со Новак Ѓоковиќ, австралиските власти одлучија да реагираат и детално да ги прегледаат сите барања за медицинско изземање кои им ги дадоа на тенисерите и тенисерките за да можат да настапат на Австралија Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот