Чешка конечно доби нова влада: Земан ги именуваше министрите предводени од Фијала

Чешка нова влада/ Фото EPA-EFE/Simanek Vít / POOL

Чешкиот претседател Милош Земан денеска во претседателскиот дворец Лани во близина на Прага ја назначи новата влада на двете централно-десничарски коалиции, Заедно и СТАН, во која ќе учествува и Пиратската партија, а нејзин дел дефинитивно ќе биде и шефот на дипломатијата Јан Липевски, од Пиратската партија, кого првично одби да го назначи на функцијата, пишува Ројтерс.

-Наједноставно би било да ви посакам само успех, но тоа не е конкретно. Ќе ви посакам зад вас да остане нешто корисно. Имате можност да се борите против ковид-19, енергетската криза и, се разбира, буџетот, рече претседателот Земан по именувањето на владата.

Во благодарноста до претседателот за неговото именување, премиерот Петр Фијала кажа дека владата презема одговорност за државата во ситуација која не е лесна, а ги спомена и истите три горливи проблеми поради кои владата денеска ќе ја има првата седница, веднаш по церемонијата.

-Гласачите ни дадоа доверба, вложија надежи за промени и подобра иднина за нив и за следната генерација. Не почнуваме во лесна ситуација, работите во нашата земја се запоставени, се соочуваме со проблеми : Ковид-19, зголемени цени на енергијата, инфлација, рече премиерот Фијала.

Двете централно-десничарски коалиции, предводени од Фијала и составени од конзервативци, демохристијани и либерали, и коалицијата на независни градоначалници од партиите СТАН и Пирати, освоија удобно мнозинство од 108 пратеници во 200-члениот Долен дом на чешкиот Парламент.

Доаѓањето на оваа 16-та чешка влада, со 13-ти премиер, го означува крајот на осумгодишниот период на заедничко владеење на партијата АНО на чешкиот тајкун од агро и хемиската индустрија, поранешниот премиер Андреј Бабиш и Чешката социјалдемократска партија, која за првпат во поновата историја не успеа да влезе во парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот