Чешка и Словачка со порака до ЕУ: „Не можеме без руска нафта“

Чешка и Словачка апелираа до Брисел да се одржат залихите на руска нафта бидејќи без неа не можат да функционираат, изјави претседателот на Транснефт Николај Токарев.

„И Прага и Братислава се обратија до Брисел до барање да се одржат количествата на руска нафта, бидејќи немаат излез на море и немаат можност да добијат нафта од други извори“, кажа Токарев за руските медиуми.

Тој напомена дека Чешка има можност да прими мали количества нафта преку нафтовод од Европа, но дека тие држави едноставно не можат да опстанат без руска нафта и додаде дека обемот на извозот на енергенси од Русија во Индија во 2023 година достигнал 70 милиони тони, а во Кина до 100 милиони тони.

Освен Чешка и Словачка, уште две европски земји бараат повеќе руска нафта преку нафтоводот Дружба. Токарев претходно најави дека Транснефт примил барања за пуштање нафта преку нафтоводот Дружба од Полска и Германија во текот на наредната година и покрај изјавите дека ќе ги одбијат испораките.

Најголемиот полски преработувач на нафта Орлен ѝ испратил на руската компанија за транспорт на нафта и гас за три милиони тони нафта преку гасоводот Дружба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот