Чек од 1.000 евра за градинката „8 Април”: Еве кој е донаторот

Градоначалникот на Нирнберг, Улрих Мали кој со својата делегација беше гостин во детската градинка „8 Април” во општина Шуто Оризари, врачи чек од 1.000 евра за набавка на надгледни средства, но вети и развивање на поинтензивна соработката во интерес на обезбедување на подобри услови за децата.

Тие, како што информираат од Општината, уште еднаш го потврдија своето пријателство и подадена рака на градинката, но и на локалната самоуправа.

Градоначалникот Мали во придружба на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ја разгледа населбата, ја посети новоизградената градинка и се заложи за негување на пријателството кое во иднина ќе значи спроведување на заеднички иницијативи, информираат од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот