Чавушоглу: ЕУ не го исполни ветувањето иако Македонија го промени името

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, денеска изјави дека Европската Унија не успеа да ги исполни своите ветувања кон Македонија, јавува агенцијата Анадолу.

Додека траеше третиот турнир во Голф за Дипломати и за бизнис заедницата, каде учествуваа дипломати и бизнисмени, Чавушоглу кажа дека Македонија го сменлаи своето име за да стане членка на НАТО, и да ги започне преговорите со ЕУ, но за жал ЕУ не успеала да го одржи своето ветување.

– Амбасадоре на Македонија, грчки пријатели, да не ви е криво, но јас се уште ја нарекувам  оваа држава „Македонија“, затоа што сте го смениле името. Зошто го сменивте името? За да бидете членка на НАТО, и да започнете преговори со ЕУ. Ние го исполнивме нашето ветување како НАТО и ве поканивме. Но, за жал, ЕУ не ги исполни своите ветувања. Не ги започнавте преговорите. Ова не е во ваша полза. (Амбасадорот на Македонија во Анкара), амбасадорот Звонко Муцункси е голем соработник и навистина помага – изјави Чавушоглу, после доделувањата на медалите и пехарите за победниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот