Чавушоглу до САД: Никој не треба да ја коментира слободата на вероисповед во Турција

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

За претворање на истанбулските музеи Аја Софија и Хора во џамии, Чавушоглу вели дека тие два историски објекта се сопственост на Република Турција.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го критикуваше извештајот на Стејт департментот, додавајќи дека е „трагикомично САД да коментира слобода на религијата и човековите права”.

Тој денеска изјави дека Аја Софија „не е прашање на меѓународни односи, туку на националниот суверенитет”.
Во интервју за НТВ, Чавушоглу ги коментираше неодамнешните расправи за евентуално повторно отворање на Аја Софија како џамија, нагласувајќи дека познатиот историски објект на почетокот служел како џамија по освојувањето на Истанбул.
Објаснувајќи дека никој не треба да ја коментира слободата на вероисповед во Турција, турскиот министер истакна дека чекорите кои се преземени во последните 20 години кон различни малцински заедници во земјата се очевидни.
Шефот на турската дипломатија упати критика за извештајот на американското Министерство за надворешни работи за религиски слободи во 2019 година, оценувајќи го како „необјективен”.

– Во САД расизмот е присутен во голема мерка. Постои и исламофобија. Во последно време и ксенофобија. Вознемирувањето и нападите врз муслиманите во САД, исто така, се присутни и на високите функции, вклучувајќи членови на Конгресот од исламска вероисповед, изјави Чавушоглу.

Потсетувајќи на делови од извештајот на Стејт департментот околу расправите за претворање на истанбулските музеи Аја Софија и Хора во џамии, Чавушоглу вели дека тие два историски објекта се сопственост на Република Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот