Центар, Карпош и Чаир со значително поголема излезност во вториот круг

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во Центар и Карпош до 17 часот гласале по две до три илјади избирачи повеќе отколку во истиот период од гласањето во првиот круг, покажуваат официјалните податоци на Државната изборна комисија.

И во двете општини се гласа и за општински градоначалник.

Во Чаир, до 17 часот на гласање излегле околу четири отсто повеќе гласачи отколку во првиот круг.

Во Гази Баба, има регистрирани стотина гласови плус, додека Бутел и Кисела Вода до 17 часот се со минусно салдо од исто толкав број гласачи.

До 17 часот најмалку гласачи изглегле на гласање во Сарај (10,29 отсто) и во Шуто Оризари, иако таму има околу 500 гласачи помалку отколку во првиот круг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот