Целовечерен концерт на пијанистката Ѓулсин Онај на „Охридско лето“

Охридско лето
Фото: МИА

Програмата на „Охридско лето“ продолжува со настан од музичкиот дел, со концертот на турската пијанистка Ѓулсин Онај.

Ѓулсин Онај свири пијано од три годишна возраст, а првиот рецитал на Турското радио го има уште на шест годишна возраст. Со специјална државна стипендија учи со Ахмед Аднан Сајгун и Михат Фенмен, а потоа во Париз нејзини педагози се Пјер Санкан, Моник Хас и Надја Буланже. Дипломира на Парискиот конзерваториум на 16 години со оцена Premier Prix du Piano”, а освојува награди на бројни меѓународни натпревари. Нејзината богата кариера се протега на сите континенти во преку 80 држави од Венецуела до Јапонија. Концертира во најпознатите светски концертни сали како: „Концертгебау“ во Амстердам, салата на Берлинската филхармонија, Концертхаус во Виена, салата „Гаво“ во Париз, Квин Елизабет хол и Вигмор хол во Лондон и др. Настапите со оркестар ги вклучуваат: Дрезден Штатскапеле, Оркестарот „Филхармонија“, Англискиот камерен оркестар и Кралската филхармонија во Лондон, Јапонската филхармонија, Симофнискиот оркестар на Минхенското радио, Филхармонијата на Санкт Петербург, Симфонискиот оркестар на Токио, Варшавската филхармонија и Виенскиот симфониски оркестар. Ѓулсин Онај е Државен уметник во нејзината родна Турција каде повеќе години била официјален солист на Претседателскиот симфониски оркестар во Анкара. Нејзините повеќе од 20 снимени изданија говорат за широчината на нејзиниот репертоар, како и за нејзината интерпретативна моќ која се протега од делата за соло пијано и концертите на Хајдн и Моцарт, па до дела од современи композитори. Онај е резидентен уметник на Универзитетот „Билкент” во Анкара и е носител на почесен докторат од Универзитетите „Босфор” во Истанбул и „Хачетепе” во Анкара. Во 2014 година и е доделен Почесен медал од Истанбулскиот фестивал, а во 2018 година почесен медал и од Фестивалот во Бодрум.

Концертот на Онај е во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот