Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Полицијата денеска го растури студентскиот протест против израелската агресија во Појасот Газа на североисточниот универзитет во Бостон, а Универзитетот објави дека се уапсени околу 100 студенти. Универзитетот додаде дека секој што имал универзитетска легитимација е ослободен и дека „ќе се соочи со дисциплинска постапка на универзитетот, но не и законска постапка“. Во соопштението на универзитетот …

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа Read More »

Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала и ракети

Либанското движење Хезболах објави дека денеска цели на две воени позиции во северниот дел на Израел, како одговор на нападите врз „цивилните домови во јужниот дел на Либан“ каде синоќа загинаа три лица, меѓу кои и двајца борци на движењето. Борците на Хезболах „извршиле комплексен напад, користејќи експлозивни беспилотни летала и наведувани проектили, врз седиштето …

Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала и ракети Read More »

Властите на Латвија ги повикаа граѓаните своите подруми да ги претворат во засолништа од воздушни напади

Властите на Латвија, балтичка земја што е соседна со Русија, денеска ги повикаа граѓаните да ги претворат своите подруми во засолништа за воздушни напади, по повод традиционалниот национален ден на чистење во земјата. „Апелираме до сите – при големото чистење, но и потоа – подрумите да можат да се користат како засолништа во случај на …

Властите на Латвија ги повикаа граѓаните своите подруми да ги претворат во засолништа од воздушни напади Read More »

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Во 15-годишната истрага за практиката на давање седативи на луѓе за време на апсења во САД, и поддржана од експерти за спроведување на законот, покажа дека стратегијата, наменета за намалување на насилството и спасување животи, доведе до многу смртни случаи кои можеле да се избегнат. Најмалку 94 луѓе умреле од 2012 до 2021 година, откако …

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења Read More »

Германија на нозе: Шести ден од потрагата по момче со аутизам

На северот на Германија веќе шести ден трае големата потрага по шестгодишното момче со аутизам, кое исчезна во понеделникот во близина на градот Бремерворде, западно од Хамбург. Во потрагата учествуваат бројни доброволци, специјални кучиња и војници со специјална технологија, чиј број во петокот се зголеми на 450, јавува германската новинска агенција ДПА. Шестгодишниот Аријан во …

Германија на нозе: Шести ден од потрагата по момче со аутизам Read More »

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите

Студентите кои протестираат против војната меѓу Израел и Хамас на универзитетите низ САД денеска ветија дека ќе продолжат со демонстрациите, а професорите ги осудија претседателите на универзитетите кои повикаа полиција да ги отстрани демонстрантите од кампусите. Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за формирање работна …

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите Read More »

Украина рано утрово со беспилотни летала нападна две нафтени рафинерии и воен аеродром во рускиот регион Краснодарски Крај

Украина рано утрово со беспилотни летала нападна две нафтени рафинерии и воен аеродром во рускиот регион Краснодарски Крај, објавија западни медиуми, повикувајќи се на украински разузнавачки  служби. Нападот, наводно, го извршила Службата за безбедност на Украина. Руската нафтена рафинерија Славјанск делумно ја прекина работата откако беше оштетена во напад на украински беспилотни летала. Според директорот …

Украина рано утрово со беспилотни летала нападна две нафтени рафинерии и воен аеродром во рускиот регион Краснодарски Крај Read More »

Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина, погодувајќи енергетски објекти

Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина, погодувајќи енергетски објекти и оштетувајќи електрани во неколку региони во текот на ноќта, соопштија властите во Киев. Москва ги засили нападите врз електричната инфраструктура на Украина во текот на последниве месеци, предизвикувајќи прекини на струја во повеќе делови од земјата и ја натера Украина да побара од граѓаните …

Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина, погодувајќи енергетски објекти Read More »

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди југозападна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија. Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот  е регистриран на длабочина од 540 километри. Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, …

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди југозападна Јапонија Read More »

Хутите истрелале три проектили кон два брода во Црвеното Море

Американската војска соопшти дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички проектили врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта. Американската централна команда во објава на платформата Икс соопшти дека танкерот за нафта МВ Андромеда Стар е оштетен, а проектил паднал во близина на друг брод, МВ Маиша, …

Хутите истрелале три проектили кон два брода во Црвеното Море Read More »