Викендов снег, од понеделник студот ќе „стегне“ до минус 15 степени

Врнежи од снег се очекуваат утре и во недела претпадне на локално ниво. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. УХМР за утре прогнозира облачно и студено време со врнежи претежно …

Викендов снег, од понеделник студот ќе „стегне“ до минус 15 степени Read More »

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, денеска ги посетија Полициските одделенија Матејче, Арачиново и Шуто Оризари, во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори 2024 година, а со цел гарантирање фер, слободни и демократски избори, како и согледување на постигнатите резултати во првото тримесечје …

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај Read More »

Бајрами: Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без пратеници од Европскиот фронт

Европскиот фронт, предводен од ДУИ порача дека овие избори претставуваат референдум за европската иднина на земјата, а поддршката од европските партнери е поголема од кога било и ова е момент и можност што мора да се искористи. Според нив, ниту една политичка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт, бидејќи, како што …

Бајрами: Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без пратеници од Европскиот фронт Read More »

РСБСП: Возете внимателно и одговорно за време на празниците

Во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ви ги честита празниците и упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот. Со цел зачувување на …

РСБСП: Возете внимателно и одговорно за време на празниците Read More »

ВИДЕОАНКЕТА | Го знаете ли вистинското значење на 1 Мај?

Ден пред 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали го знаат неговото вистинско значење и зошто се празнува? Голем дека од нив одговорија дека е Ден на трудот, а околу прославата на истиот велат дека таа ќе биде традиционална, во кругот на семејството, во природа или слободниот ден ќе се …

ВИДЕОАНКЕТА | Го знаете ли вистинското значење на 1 Мај? Read More »

На 8 мај граѓаните ќе можат само еднаш да излезат на гласање, но имаат право да одберат на кои избори ќе гласаат

На 8 мај граѓаните ќе можат да дојдат на гласање само еднаш, но имаат право да одберат на кои избори ќе гласаат, објаснува претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Во интервју за МИА, Даштевски детално ја објасни постапката за гласње за двојните избори. – Граѓанинот прво ја дава личната карта, потоа оди на …

На 8 мај граѓаните ќе можат само еднаш да излезат на гласање, но имаат право да одберат на кои избори ќе гласаат Read More »

Во општина Центар се инсталира смарт јавно осветлување близу училишта, градинки, паркови и шеталишта

Денеска започна инсталирањето на Тип 2 светилките кои се дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Тип 2 светилките ќе бидат инсталирани на споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Од овој тип светилки ќе бидат инсталирани вкупно 2.637 парчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека Општина …

Во општина Центар се инсталира смарт јавно осветлување близу училишта, градинки, паркови и шеталишта Read More »

Утре ЈСП ќе вози по неделен возен ред.

Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Од …

Утре ЈСП ќе вози по неделен возен ред. Read More »

Во тек е изградбата на подземната инфраструктура на булеварот „Хрватска“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП Водовод и канализација Скопје и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, денеска извршија увид во реализацијата на првата фаза на проектот за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар „Хрватска“, која опфаќа и нова водоводна мрежа. Во оваа фаза од изградбата на …

Во тек е изградбата на подземната инфраструктура на булеварот „Хрватска“ Read More »

ФОТО: Во Зоолошката градина Скопје се роди двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан. – Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 3 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, пишуваат од Зоолошката …

ФОТО: Во Зоолошката градина Скопје се роди двогрба камила Read More »

Во Драчево осветен 63 метарски крст, втор по големина во Македонија

На верскиот празник Цветници, во пресрет на Велигден, денеска беше осветен крстот во Драчево, висок 63,5 метри и е втор по големина во државата. Церемонијата на осветување на крстот ја предводеше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. На настанот присуствуваат градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, како инвеститор на …

Во Драчево осветен 63 метарски крст, втор по големина во Македонија Read More »

Старо – нови министри предложени на клучни позиции во кабинетот на новиот српски премиер Вучевиќ

По заседанието на Претседателството на владејачката партија во Србија СНС на која присуствуваат високи функционери од партијата, беа соопштени имињата на носителите на министерски функции во новата српска влада на премиерот Милош Вучевиќ. Претседателот на СНС Милош Вучевиќ е мандатар за состав на новата влада на Србија, по парламентарните избори одржани во декември 2023 година. …

Старо – нови министри предложени на клучни позиции во кабинетот на новиот српски премиер Вучевиќ Read More »

ВИДЕО: Кинескиот воз „Сокол“ пристигна во Србија, ќе вози од Нови Сад до Суботица

Кинескиот електричен брз воз на компанијата CRRC Changchun, брендиран како уште еден „Сокол“, пристигна во Србија. Макетата на кинескиот „Сокол“ беше прикажана пред три дена во Бачка Топола при спојувањето на последната колосек на пругата Нови Сад – Суботица, а сега возот под брендот „Сокол“ пристигна во Србија. Да потсетиме, српската делегација минатата година потпиша …

ВИДЕО: Кинескиот воз „Сокол“ пристигна во Србија, ќе вози од Нови Сад до Суботица Read More »

Додик: Судскиот процес против мене е монтиран од страна на САД

Водачот на босанските Срби, Милорад Додик на последното рочиште повторно тврдеше дека е изложен на судски постапки бидејќи е жртва на монтиран политички процес од страна на САД. Додик ова го изјави по сослушувањето во судот на Босна и Херцеговина во Сараево, каде што продолжи судскиот процес против него врз основа на обвинението на државното …

Додик: Судскиот процес против мене е монтиран од страна на САД Read More »

Шолц: Крајно време е Црна Гора да стане членка на ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц, на денешната средба во Берлин со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, истакна дека „крајно време“ е Црна Гора да стане членка на Европска Унија и оцени дека е постигнат „голем напредок“ во исполнувањето на стандардите за членство. Вашето доаѓање потврдува дека сме блиски партнери. Крајно време е членството да се оствари, бидејќи …

Шолц: Крајно време е Црна Гора да стане членка на ЕУ Read More »

Шок и гнев во Грција: Само шестмина обвинети за пожарот во Мати прогласени за виновни, 15 се ослободени

За катастрофалните пожари во јули 2018 година во населбата Мати во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој загинаа 102 лица,  шест од 21 осомничени се прогласени за виновни, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓу осудените се тогашниот началник на противпожарната служба, неговиот заменик, како и други функционери од службата …

Шок и гнев во Грција: Само шестмина обвинети за пожарот во Мати прогласени за виновни, 15 се ослободени Read More »

Пекинг вели дека Хамас и Фатах изразиле политичка волја за помирување на разговорите во Кина

Ривалските палестински движења Хамас и Фатах изразија политичка волја да го продолжат своето помирување преку дијалог и консултации, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, објавувајќи дека нивните претставници неодамна одржале разговори во Пекинг со цел да се постигне „интрапалестинско помирување“. Двете ривалски палестински фракции не успеаја да ги решат своите политички спорови откако борците …

Пекинг вели дека Хамас и Фатах изразиле политичка волја за помирување на разговорите во Кина Read More »

ВИДЕО: Со руски проектил погоден иконскиот замок „Хари Потер“ во Одеса, има и жртви во нападот

Најмалку пет лица загинаа, а 32 други се повредени откако руски проектил го погоди иконскиот замок во Одеса, дел од Правната академија, кој е познат и како „Замокот на Хари Потер“. Станува збор за замок во готски стил и снимката на која се гледа како зафатена од пламен е навистина ужаснувачка: „Го разгледуваме типот на …

ВИДЕО: Со руски проектил погоден иконскиот замок „Хари Потер“ во Одеса, има и жртви во нападот Read More »

Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цакна ја обвини Русија за кршење на меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите во естонскиот воздушен простор. – Попречувањето на ЏПС во естонскиот воздушен простор од страна на Русија се одрази на цивилната авијација во нашиот регион. Русија со тоа ги прекршува меѓународните регулативи, напишала Чакна на Х. …

Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите Read More »

Ранжел: Мораме да создадеме услови проширувањето на ЕУ да се случи што е можно побрзо

Европската Унија треба да даде многу јасен политички сигнал дека е за нејзино проширување, оцени новиот португалски министер за надворешни работи Пауло Ранжел. – Мораме да создадеме услови и во државите кои сакаат да станат членки на Европската Унија и во самата ЕУ, со цел проширувањето да може да се случи што е можно побрзо, …

Ранжел: Мораме да создадеме услови проширувањето на ЕУ да се случи што е можно побрзо Read More »

Европската Комисија покрена втора постапка против ТикТок

Минатата недела, Европската Комисија отвори втора официјална постапка против ТикТок според Законот за дигитални услуги, за да процени дали го прекршил Законот за дигитални услуги при лансирањето на услугата ТикТок Лајт во Франција и Шпанија. Во согласност со Законот за дигитални услуги, од многу големите интернет платформи се бара да поднесат извештај за проценка на …

Европската Комисија покрена втора постапка против ТикТок Read More »

Хрватската Пошта изгубила 430 работници, профитот и скокнал за 1.270 отсто!

Добивката на Хрватска пошта лани скокнала за цели 1.270 отсто и изнесувала 13,6 милиони евра. Државниот гигант лани заработил 270 милиони евра, што е за 11 отсто повеќе од претходната година. Поштата очигледно подобро ги менаџирала трошоците, но и ги зголемила цените во јули, пишува Даница.хр. Сепак, еден деловен показател имаше значително влијание врз пониските …

Хрватската Пошта изгубила 430 работници, профитот и скокнал за 1.270 отсто! Read More »

Дали ви е скап животот во Хрватска? Погледнете каде е на листата на најевтини земји?

Ворлд Популејшн Ривју објави листа на европски земји според трошоците за живот, рангирани од најскапи до најевтини, информира Н1. Листата што ја состави оваа американска организација за собирање податоци за глобалното население и демографија вклучува 41 европска земја. Пресметката е направена според споредба со цените на стоките и услугите во Њујорк, при што се земени …

Дали ви е скап животот во Хрватска? Погледнете каде е на листата на најевтини земји? Read More »

Бугарската централна банка констатира прекршување кај станбените кредити

Во 2023 година, Бугарската централна банка проверуваше неколку кредитни институции дали ги почитуваат законските услови за давање хипотекарни заеми и утврди прекршоци. Ова е јасно од извештајот на БНБ објавен на нејзината веб-страница. Контролирани се три помали банки и една значајна банка, како и пет небанкарски финансиски институции. Проверени се и повеќе кредитни посредници. Кај …

Бугарската централна банка констатира прекршување кај станбените кредити Read More »

НБРСМ: Во март одобрените кредити се со камата од 5,50 проценти

Народната банка информира дека во март годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50 проценти и бележи месечно намалување од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,46 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесувала 1,80 проценти и забележала месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п., соодветно. …

НБРСМ: Во март одобрените кредити се со камата од 5,50 проценти Read More »

Земјите од Г7 постигнаа договор за затворање на електраните на јаглен до 2035 година

Министрите за енергетика на групата седум економски водечки земји (Г7) се согласија нивните земји, во борбата против климатските промени, да ги затворат електраните на јаглен најдоцна до 2035 година. „Имаме договор за постепено укинување на јагленот во првата половина на 2030-тите“, изјави Ендрју Боуви, британски министер задолжен за енергетска безбедност, за италијанската телевизија Клас ЦНБЦ, …

Земјите од Г7 постигнаа договор за затворање на електраните на јаглен до 2035 година Read More »

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“

На 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја …

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ Read More »

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ во пресрет на 27 април – роденденот на великанот на македонската драма. -Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат …

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“ Read More »

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“

Премиерата на претставата „Мац, мац“ која е работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ од Тенеси Вилијамс, а во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт, Театар „Ј.Х.К. Џинот“- Велес, како и германскиот Гете институт, ќе се случи на 26 април во Велешкиот театар. Целта на овој проект е да …

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ Read More »

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“

Во Културно информативниот центар – Скопје вечерва со почеток во 20 ч. ќе се отвори првата самостојна изложба на Јана Николовска – „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“. Изложбата има за цел да направи едно патување низ различни димензии на човечката психа и внатрешност, презентирајќи 5 видео инсталации со звук во простор. Влегувајќи од сала во сала, посетителите ќе преминуваат …

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“ Read More »

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара

На 6 и 7 април во Анкара се одржа мандонски фестивал на кој учествуваше и „Мандолинскиот оркестар“ – Скопје, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри. -Нашиот подмладен оркестар на возраст од 12-17 годишна возраст беа ѕвезди на фестивалот во Анкара на кој учествуваа 30 оркестри. Беа поздравени со огромен аплауз и со овации …

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара Read More »