Во Давос е поднесена кривична пријава против израелскиот претседател Исак Херцог

Исак Херцог / Фото EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Швајцарското Обвинителство денеска потврди дека е поднесена кривична пријава против израелскиот претседател Исак Херцог за време на Светскиот економски форум во Давос, во време кога Израел е обвинет и за воени злосторства во Појасот Газа.

Кривичната пријава ќе биде разгледана според вообичаената процедура, соопштија од швајцарското државно обвинителство, додавајќи дека ќе контактираат со швајцарското Министерство за надворешни работи за да разговараат за прашањето за имунитетот на Херцог.

Од Обвинителството не соопштуваат кој ги поднел пријавите.

Портпаролите на израелската Влада и Министерството за надворешни работи не одговориле на барањата за коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот