Бура во Брисел по нападите на Јанша врз новинари на Твитер

Јанез Јанша/ Фото Архива на Слободен печат

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, ги крена на нозе илјадниците дописници и новинари откако лично нападна две жени новинарки преку Твитер, Европската комисија денеска експлицитно ги осуди неговите изјави, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Премиерот на Словенија Јанша, директно се пресметува со медиумите и новинарите преку Твитер. , Тој  во пост на Твитер се обраќа до Лили Бајер, дописничка од Брисел на Политико Европа, која  објави текст за состојбата со медиумите во Словенија кои со месеци се под постојани напади од владејачката партија и премиерот Јанша.

Јанша на Твитер ја нарече Бајер платеничка на левицата, а потоа директно ја нападна и дописничката на Њујорк Тајмс, Матина Стевис.

Дописниците во Брисел бараат јасна осуда од институциите на ЕУ за овие напади, и против дописниците во Брисел и против новинарите во Словенија.

Реакции пристигнаа од Репортери без граници и други организации за слобода на медиумите и заштитата на новинарите.

Кристијан Виганд, портпаролот на еврокомесарката за правда Вера Јурова, попладнево потсети дека ставот на ЕК е јасен: независните и слободни медиуми се вредности на ЕУ и нивната работа е да бараат отчет од политичарите, рече Виганд.  

„Заштитата на новинарите е приоритет, не за омраза, не за закани, не за лични напади врз новинарите“, рече Виганд.

Ерик Мамер, портпарол на претседателката Урсула фон дер Лајен, додаде дека таа стои целосно зад оваа изјава и експлицитно ги осуди нападите на словенечкиот премиер.

„Ги осудуваме сите навредливи изјави кон новинарите, вклучително и во овој случај“, рече Мамер.

Останува прашањето како овие осуди ќе се одразат конкретно за премиерот и за словенечката влада, со оглед на тоа дека слободата и плурализмот на медиумите се главно национална надлежност, а не европска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот