
„Букефал АС“ и „Една може“ со пакетчиња за првачињата од ООУ „Кирил и Методиј“: Решивме да бидеме причина за нечија искрена детска радост
Вики Димчевска од „Букефал АС“ која е Амбасадор за човекови права и хуманитарни активности во Р.С.Македонија, вели дека не е важно што подарувате, туку е важно колку љубов внесувате во тоа што го подарувате.
Граѓанската организација за унапредување на правата на еднородителски семејства „Една може“ заедно со ,,Букефал АС” – агенција за недвижности од Скопје како општествено одговорна компанија, во пресрет на новогодишните и божиќните празници организираа новогодишна акција во рамките на која донираа пакетчиња за дечињата од прво одделение во ООУ ,,Кирил и Методиј ” -с.Стајковци .
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Вики Димчевска од „Букефал АС“ која е Амбасадор за човекови права и хуманитарни активности во Р.С.Македонија, вели дека не е важно што подарувате, туку е важно колку љубов внесувате во тоа што го подарувате.

„Моето денешно јас е благодарение на мојата добрина, искушение и верба во бог. Животот не станува полесен, ти стануваш посилен! Хуманизмот не е професија, туку менталитет. Децата се како снегулки, сите различни, а сите толку убави. Тие се најискрените, најљубопитните и најдобрите суштества на овој свет кои секојдневно не учат како да сакаме безусловно. Сите деца заслужуваат да бидат среќни. Затоа ние, јас и Мелита Котеска од општествено одговорната компанија Букефал АС – Скопје, Менаџерки за маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор во Р.С.Македонија, заедно во организација со Дороти Пачкова од граѓанската организација ,,Една може” решивме да бидеме причина за нечија искрена детска радост, насмевка и спокој, подарувајќи новогодишни пакетчиња на сите дечиња, вели Димчевска за „Слободен печат“ .

Таа вели дека секогаш се води од мотото: „Ако не правите добри дела, не е важно колкава моќ имате“.
– Мала помош може да направи големи промени! Дајте му на детето насмевка, тоа ќе ви ја даде душата“, децидна е Димчевска.

Одговорниот тим на училиштато ООУ ,,Кирил и Методиј” на чело со директорката м-р Анита Ангеловска и оделенските наставнички Даниела Наумовска и
Адријана Сандева им изразија благодарност на трите дами за прекрасниот хуман гест.

