Бугарското вето ќе ја држи Македонија надвор од ЕУ: Вархеји повтори дека може да преговараат само со Албанија

Оливер Вархеји / Фото: EPA

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји изјави дека Европската унија треба да оди напред со проширувањето на блокот и дека не може повеќе „да губи време“.

Целта на ЕУ останува иста, а тоа е почеток на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, рече Вархеји во интервјуто објавено во дневниот весник „Маѓар Немзет“.

Тој додаде дека е планирано релевантните меѓувладини конференции да почнат во јуни, пренесува унгарската агенција МТИ.

Што се однесува до континуираното вето на Бугарија на покренувањето на официјалните преговори со Северна Македонија, комесарот ги истакна големите напори на ЕУ „да ја реши таа ситуација“.

– Ако тие напори пропаднат, мора да го разгледаме покренувањето на меѓувладините разговори само со Албанија, порача Вархеји, додавајќи дека „билатералниот спор не може да го задржи целиот процес на проширување“.

Коментирајќи го Западен Балкан каде престојуваше во работна посета минатата недела, Вархеји рече дека ЕУ очекува дека околу 651.000 дози вакцини Фајзер кои ги стави на располагањ во регионот значително ќе ја зголеми ефикасноста на локалните мерки за заштита од коронавирус.

Додаде и дека ЕУ исто така работи на тоа во регионот да обезбеди и други вакцини одобрени во ЕУ.

Запрашан далу ЕУ ќе ги снабдува со вакцини земјите вклучени во нејзината политика на соседство, Вархеји рече дека планот е вакцини да се обезбедат и на источните партнери, по можност во рамките на шемата слична на испораката за Западен Балкан.

– Покрај тоа, Европската комисија планира да испорача околу 1,5 милиони дози вакцини на Истокот во блиска иднина, со помош на полската влада, која дејствува како посредник. Друга добра вест е дека Унгарија ќе и помогне на Полска во иницијативата – рече Вархелји, повикувајќи се на писмото на министерот за надворешни работи Питер Сијарто, во кое се нуди придонес од Унгарија во испораката на вакцини од ЕУ во регионот по воздушен пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот