Бугарија побара помош од ЕУ за справување со ковид-19

Девојка со заштитна маска против коронавирусот во Софија, Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарската влада побара од земјите-членки на Европската Унија да ѝ помогнат да се справи со актуелната криза со коронавирусот. Портпаролот на Европската комисија кажа дека Бугарија вчера го активирала Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, додавајќи дека ѝ недостига медицинска опрема, како маски за кислород и болнички кревети.

Овој механизам има за цел да ја засили соработката на полето на цивилната заштита и да ги подобри превенцијата и одговорот на катастрофи и земјите преку него можат да побараат помош од други членки. Во механизмот учествуваат и држави кои не се членки на ЕУ, како Македонија, Исланд, Норвешка и Турција.

Бугарија се наоѓа среде силен бран на пандемијата. Капацитетот на болниците го достигнува својот максимум, а седумдневната стапка изнесува 415 новозаразени на 100.000 жители. Таа исто така ја има најлошата стапка на вакцинација во ЕУ, при што само 24% од населението е целосно вакцинирано.

Во изминатите 24 часа, Бугарија регистрираше 3.853 нови случаи на коронавирус, како и 199 починати. Во болниците лежат речиси 8.400 пациенти со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот