Бугарија одобри четврта доза од вакцините против ковид

Вакцина
Вакцина / Фото: EPA-EFE/HOTLI SIMANJUNTAK

Министерството за здравство на Бугарија ги одобри препораките на Стручниот совет за надзор на имунопрофилакса во врска со давање на четврта доза (втора бустер) mRNA вакцина против ковид-19 кај сите лица на возраст над 18 години кои сакаат да се вакцинираат, јавуваат бугарските медиуми.

Втората бустер доза може да се аплицира најмалку 4 месеци по првата засилувачка доза кај лица кои претходно ги примиле и првичните две дози од вакцината пров ковид-19.

Втората бустер доза на mRNA вакцината е многу препорачлива за лица кои спаѓаат во категориите на имунокомпромитирани, пациенти со трансплантации кои примаат имуносупресивна терапија, пациенти на хронична дијализа и пациенти со онкохематолошки заболувања. Исто така им се препорачува на лица кои се корисници и персонал во социјалните институции кои обезбедуваат долготрајна грижа за стари лица, медицински професионалци вклучени во третман на пациенти со ковид-19, стари лица на возраст од 65 и повеќе години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот