Брнабиќ: Ова не е конфликт меѓу Белград и Загреб, туку меѓу фашизмот и антифашизмот

Profimedia

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, денеска ја коментираше ситуацијата со размена на протестни ноти меѓу Србија и Хрватска, изјавувајќи дека тоа повеќе не е спор меѓу две држави, туку конфликт помеѓу фашизмот и антифашизмот.

– Јас не би се мешала понатаму во тие ноти, затоа што мислам дека взаемните ноти нè воведуваат во „врзан круг” во кој губиме јасна слика за тоа што се случи. А се случи тоа да нашата делегација, нашите млади кадети, отидоа да одадат почит на жртвите во Јасеновац, едно од најголемите страдалишта за време на Втората светска војна во Европа, изјави Брнабиќ, за време на нејзината официјална посета на Луксембург.

Таа додаде дека ова не е конфликт меѓу Белград и Загреб или Србија и Хрватска.

– Ова е конфликт помеѓу фашизмот и антифашизмот, рече таа.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска соопшти вчера дека амбасадорката на Србија во Загреб, Мира Николиќ, одбила да прими протестна нота од Хрватска за „обидите за ненајавеното и нелегално влегување на припадници на српската армија” во Хрватска.

Министерството за надворешни работи на Србија (МСП) по овој повод денес соопшти дека амбасадорката на Србија во Загреб имала состанок закажан на иницијатива на МСП за да предаде протестна нота. Претставниците на хрватското министерство одбиле да ја примат нотата од Србија, во обид да ја предадат својата нота, која српската амбасадорка одби да ја прими.

Делегацијата на српската Војска во неделата беше спречена да влезе во Хрватска, на одбележувањето на Денот на Јасеновачките новомаченици.

Српското Министерство за одбрана соопшти дека посетата е најавена и дека во багажот имало службени униформи, кои, како што кажаа, биле дозволени и во согласност со правилата на службата.

Овој настан беше проследен со меѓусебни обвинувања од страна на српската и хрватската страна, која тврди дека дејствувала како сериозна држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот