Британските фанови на Тејлор Свифт изгубиле над милион евра поради измама со билети

Фото: Shanna Madison / Zuma Press / Profimedia

Обожавателите на пејачката Тејлор Свифт (34) во Велика Британија потенцијално изгубиле повеќе од милион евра поради измамници кои лажно продаваат билети за нејзината турнеја „Ерас“, процени „Лојдс банк“.

Банката го издала предупредувањето до фановите врз основа на анализа на измама во купувањето, пријавена од нејзините клиенти, како и анализа на банката „Халифакс“ и Народната банка на Шкотска, каде Свифт и нејзината турнеја биле спомнати како дел од тужбата, пишува „Скај њуз“.

Повеќе од 600 клиенти на „Лојдс банк“ пријавиле дека биле измамени откако картите биле пуштени во продажба во јули 2023 година. Секоја жртва изгубила во просек по 332 фунти, иако во некои случаи загубата била повеќе од 1.000 фунти.

Со бројки засновани исклучиво на сопствените податоци за клиентите, „Лојдс банк“ проценува дека најверојатно имало најмалку 3.000 жртви низ Обединетото Кралство, врз основа на бројот на тековните сметки и сличните трендови во другите банки во Обединетото Кралство.

Најчесто на мета биле обожавателите на возраст од 25 до 34 години, кои се обидувале да купат распродадени карти, а многу од нив налетале на овие измами на социјалните мрежи.

Измамите при купување вклучуваат испраќање пари преку банковен трансфер за купување стоки или услуги кои се лажни, супстандардни или непостоечки. Овие измами често вклучуваат лажни реклами, објави или огласи на социјалните мрежи, нудење карти или пристап до настани кои веќе се распродадени.

Според извештаите, рекордната турнеја „Ерас“ би требала да заработи повеќе од 1 милијарда долари, а картите за концертот се распродадени веднаш штом се пуштени во продажба.

„Лесно е да дозволиме нашите емоции да нè надвладеат кога ќе дознаеме дека нашиот омилен изведувач ќе настапува во живо, но важно е да не дозволиме тие емоции да ни го поматат расудувањето кога се обидуваме да набавиме карти“, предупреди Лиз Зиглер, директорка за спречување на измами во „Лојд банк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот