Британскиот премиер Риши Сунак вели дека проектилот што ја погоди болницата Ал Ахли е истрелан од Газа

Риши Сунак/ Фото: Liam McBurney / PA Images / Profimedia

Премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, вели дека експлозијата во болницата во Газа ,,Ал Ахли” која се случи минатата недела, најверојатно била предизвикана од проектил истрелан внатре во Газа, објави Би Би Си.

Тој вели дека разузнавачките служби на Британија, веруваат дека експлозијата била предизвикана од проектил или од дел од проектил. Тој пред пратениците изјави дека погрешното известување за овој настан, довел до негативни ефекти во целиот регион.

Хамас го обвини Израел за нападот врз болницата, но Израел истакна дека ракета на Палестинскиот исламски џихад истрелана од внатрешноста на Газа е причина за оваа трагедија. Според министерството за здравство управувано од Хамас, во експлозијата загинаа 471 лице, а за Израел станува збор за неколку десетици луѓе.

Министерството за здравство на Газа, информираше дека 436 лица биле убиени во изминатите 24 часа, во кои израелските проектили и понатаму продолжуваат да гранатираат во Газа. Израел тврди дека ја таргетира инфраструктурата на Хамас, вклучително и тунели, со 320 целни напади на ден. Повеќе од 1400 Израелци беа убиени кога Хамас нападна населба во близина на Газа на 7 октомври, стрелајќи во цивили, во нивните домови, на улиците и на музичкиот фестивал. Министерството за здравство на Газа вели дека повеќе од 5 илјади луѓе се убиени откако Израел почна да ја бомбардира територијата на Газа како одговор и срамнети со земја се цели населби.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот