Британскиот премиер најави построги закони за терористички осуденици

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Британските политичари неколупати повикаа законите за осомничени поврзани со тероризам да се заострат.

Британскиот премиер Борис Џонсон најави построги закони за терористички осуденици по нападот во Лондон извршен од осуден за исламистички тероризам пуштен од затвор прерано, а кој дури и својата девојка ја наговарал да ги убие родителите.

Судеш Аман (20) затворен во 2018 година за „злосторства поврзани со исламистички терористички активности” бил отпуштен од затвор на половина од тригодишната казна. Полицијата го затрела откако избоде луѓе на лондонска улица.

– Ќе објавиме понатамошни планови за измени во системот по прашање на обвинети за терористички дела, изјави Џонсон.

Британските политичари неколупати повикаа законите за осомничени поврзани со тероризам да се заострат. Тој повик доби на интензитет откако во ноември поранешен затвореник уби две лица и рани уште три пред полицијата да го застрела во близина на мост во Лондон.

Аман беше во затвор поради промовирање насилни исламистички материјали, па дури и својата девојка ја охрабрувал да им ги отсече главите на своиоте родители. Бил под надзор во време на нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот