Британија претстави монета со интересна порака со која го најави излезот од ЕУ

фото: Профимедиа

Напуштањето на ЕУ претставува пресвртна точка во нашата историја и оваа монета претставува почеток на ново поглавје за Британија.

Велика Британија ја претстави новата паричка, монета од 50 пени која означува заминување на Лондон од ЕУ.

– Напуштањето на ЕУ претставува пресвртна точка во нашата историја и оваа монета претставува почеток на ново поглавје за Британија“, изјави министерот за финансии, Саид Џавид.

На монетата е испишено „Мир, просперитет и пријателство со сите земји“ и датумот на Брегзит – 31 јануари 2020 година.

Околу три милиони монети ќе бидат дистрибуирани од банки, пошти и продавници почнувајќи од петок, 31 јануари, додека уште седум милиони ќе бидат пуштени во оптек подоцна оваа година.

По повеќе од три години жестока дебата и прашања кога и дали да се спроведе Брегзит, Британија ја напушта ЕУ на 31 јануари оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот