Британија негира дека Западот знаел за иранскиот напад над Израел

Даунинг стрит 10/Фото: ЕПА-ЕФЕ

Велика Британија го отфрли иранското тврдење дека Техеран го информирал Западот за претстојниот напад од воздух врз израелска територија, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.

Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амирабдолахиан, вчера изјави дека Иран дури 72 часа претходно ги информирал САД и соседните земји дека ќе го нападнат Израел.

-Би го отфрлил тоа тврдење. Силно го осудуваме директниот напад врз Израел, рече портпаролот на Сунак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот