Брегалница го ангажираше репрезентативецот на Уганда Халид Лвалива

Халид Лвалива ја засилува одбраната на штипските „сини“/фото: fkbregalnica.mk

Повеќе од квалитетно засилување на Брегалница за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига со доведувањето на репрезентативецот на Уганда, Халид Лвалива (26).

Лвалива е најновото име во редовите на штипските „сини“ кој ќе ја засили централната одбранбена позиција.

Доаѓа од најдобриот клуб во Уганда, шампионот Виперс, каде беше капитен изминативе пет сезони, а е незаменлив капитен и на репрезентацијата на Уганда за која од 2019 година има 22 официјални настапи. Со Виперс беше и постојан учесник и во Купот на африканските шампиони.

Низ досегашниот преоден рок Брегалница претходно се засили и со левокрилниот дефанзивец Себастијан Херера, досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од Босна и Херцеговинаа, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски.

Потоа, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски, младинскиот репрезентативец Иван Николов, хрватскиот напаѓач Патрик Џалто, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот