Бразилскиот Врховен суд со рок до министерот за здравство: Имате 48 часа за датум за почеток на имунизација

Ковид пациенти во Бразил / Фото: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Врховниот суд на Бразил му даде рок од 48 часа на министерот за здравство да одреди датум за почеток на националната програма за имунизација во борбата против ковид-19.

Десничарската Влада на претседателот Жаир Болсонаро е под критики од државни гувернери и експерти за јавно здравје заради неподготвеноста за справување со пандемијата и набрзина изготвениот и погрешен план.

Примарна цел на планот е вакцинација на 51 милиони луѓе или една четвртина од населението во првата половина на 2021 година, давајќи им приоритет на најранливите, како што се здравствените работници, старите лица и домородните заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот