Братот на Кејт Мидлтон поради неа е во ДЕПРЕСИЈА: Притисокот е неиздржлив

кејт кралица
Фото Профимедиа

Многумина би рекле дека да се биде роднина на член од кралското семејство е вистински благослов, но братот на Кејт Мидлтон не мисли така.

Џејмс Мидлтон е една од најпопуларните личности во Велика Британија, особено откако неговата сестра стана војвотка во британското кралско семејство. Тој конечно отворено зборува за борбите кои секојдневно ги води поради ова.

Неговиот живот е практично целосно јавен уште од времето кога почнаа да се забавуваат принцот и Кејт. Тој имал само 23 години и не очекувал дека мирниот живот на неговото семејство преку ноќ ќе стане интересен за јавноста.

Денес Џејмс има 32 години, а поради постојаната медиумска изложеност, со текот на времето му се дијагностицирани низа нарушувања, меѓу кои и депресија и синдром на недостаток на внимание и хиперактивност.

Поради тоа, решил да се повлече од своето семејство и да живее одвоен живот на фарма, во приватна куќа. Има неколку кучиња, а се занимава со произведување и дистрибуција на персонализирани колачи од бел слез.

View this post on Instagram

The ever growing ? pack

A post shared by James Middleton (@jmidy) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот