Борисов: Повеќе нема да затвораме градови и села, целта е до 30 јуни да ослободиме сè

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN

Повеќе нема да затвораме градови и села, направивме се за да ги зајакнеме болниците, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на вонредната седница на Владата.

– Коронавирусот веќе не е толку моќен како порано. Направивме се за да ги зајакнеме нашите болници, да ги лекуваме болните со лекови веднаш, рече Борисов.

Според него, главна цел е да се олабават мерките по завршувањето на вонредната состојба, што истекува на 30 јуни.

Борисов утре ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен околу плаќањето однапред за вакцина против Ковид-19.

 – ЕК сака однапред да платиме за вакцината за да може, кога ќе се најде, да се вакцинира целата ЕУ. А, во Софија веќе има протести – нема вакцина, но има протести. Вакцината е доброволна, кој сака, рече Борисов.

Тој додаде дека не гледа корист од масовно тестирање во ситуација кога сè уште нема вакцина.

– Нашата цел е да ги олабавиме мерките од 15 до 30 јуни и да ослободиме сè. Но, нема ништо што можеме да сториме против глупоста – кога знаете дека сте заразени и одите на работа, ставате во опасност големи групи луѓе. Гледате, каде има кластери, ние наметнуваме дисциплина, истакна Борисов.

Бугарскиот премиер повторно препорача користење дезинфекциски средства и физичка дистанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот