Борел утре ќе се сретне со Вучиќ и Брнабиќ за покренување на дијалогот меѓу Србија и Косово

Неговиот портпарол, Питер Стано, изјави дека ЕУ очекува „Србија и Косово да ги исполнат брзо своите обврски и да го покренат дијалогот, со оглед на директната врска помеѓу нормализирање на односите и конкретните изгледи на нивните аспирации”.

После специјалниот американски посредник, Ричард Гренел, утре во Белград, од Приштина пристигнува Високиот преставник на Европската унија и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, шефот на европската дипломатија во петок ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Пред доаѓањето, Борел најави дека неговата прва официјална посета ја покажува посветеноста на ЕУ за Западен Балкан, кој ќе биде приоритет за време на неговиот мандат како министер за надворешни работи на ЕУ.

Неговиот портпарол, Питер Стано, изјави дека ЕУ очекува „Србија и Косово да ги исполнат брзо своите обврски и да го покренат дијалогот, со оглед на директната врска помеѓу нормализирање на односите и конкретните изгледи на нивните аспирации”.

– Целта на дијалогот е да се склучи одржлив и правно обврзувачки договор кој еднаш засекогаш ги решава сите прашања меѓу Србија и Косово, во согласност со меѓународното право и законодавството на ЕУ, договор кој го поддржат сите земји членки на ЕУ и регионот, порача Стано.

Жозеп Борел во Белград, освен со Александар Вучиќ и Ана Брнабиѓ, ќе се состане и со преставници на политичките партии и на граѓанското општество, а ќе го посети и Националниот парк на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот