Борел на средбата со Лавров ја осуди одлуката на Москва да протера тројца дипломати

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на денешната средба во Москва со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, ја осуди одлуката на Москва да протера тројца дипломати.

Руското Министерство за надворешни работи денеска им врачи протестна нота на амбасадорите на Шведска и на Германија и вршителот на должност амбасадор на Полска поради нивната поддршка за опозиционерот Алексеј Навални.

Според официјална Москва таквите нивни дејности се неприфатливи и не се во согласност со нивниот дипломатски статус. Според тоа тројцата дипломати се прогласени за „персона нон грата” и треба да ја напуштат Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот