Борел: Дијалог меѓу Белград и Приштина е единственото решение

Фото: Твитер

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во Минхен изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е единствено решение и дека преговорите треба да почнат што побрзо, пренесува „Б92“.

– Дијалогот меѓу Белград и Приштина е единствено решение. Потребна е деескалација бидејќи во спротива разговорите нема да бидат возможни. Преговорите треба да почнат што побрзо, исто така и за напредување на европскиот пат. Потребна е европска перспектива за регионот во целина – напиша високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Тој, заедно со неколкуте објавени фотографии, наведе дека вчера на Минхенската безбедносна конференција учествувал на округлата маса за Западен Балкан и проширување, на кој, биле претставиците на западнобалканската шесторка, меѓу кои и македонскиот шеф на МНР, Никола Димитров.

Борел исто така нагласи дека целта на новата методологија на ЕУ е процесот на проширување да се направи покредибилен, подинамичен и попредвидлив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот