Болсонаро: Заканата од коронавирусот се преценува

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во посета на Флорида, денеска оцени дека заканата од новиот коронавирус не е многу голема и се обиде да ги намали последиците од нејзиниот удар врз берзите низ целиот свет, пренесоа француските медиуми.

Вчерашниот пад на светските берзи „главно ја засегна цената на нафтата, што падна за 30 отсто, и прашањето за коронавирусот”, изјави екстремно десничарскиот бразилски претседател пред приближно 200 сонародници во Мајами.

-Според мене разурнувачката сила на овој вирус се преценува, уверуваше Болсонаро.

Берзата во Сао Паоло вчера го претрпе најсилниот пад за еден ден од 1998 година, стигнувајќи на 12,17 отсто за време на нејзиното затворање, а хартиите од вредност на бразилската државна нафтена компанија „Петробраз” поевтинија за околу 30 проценти во екот на паниката околу крахот на цената на нафтата и последиците од кризата со коронавирусот за економијата, потсетуваат француските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот