Болната актерка поминува низ пекол: Партнерот ја давел сѐ додека не се онесвестила

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Поранешното момче на Селма Блер, Роналд Карлсон, доби забрана да ѝ се приближи на актерката по, како што рече, физичка пресметка дома, по што таа остана со модринки. Селма на 25 февруари се пожалила кај надлежните и го раскажала целиот настан од пред три дена.

Според писмените докази од судот до кои магазинот „Пипл“ имал увид, Карлсон ја посетил за да земе еден телевизор. Двојката се забавуваше околу седум години пред овој грозоморен физички напад. Во тој момент таа штотуку ја завршила терапијата што ја прима поради мултиплекс склероза од која страда неколку години.

Селма се чувствувала многу исцрпено, пишуваат странските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PerezHilton.com (@perezhilton)

По вербалниот напад во кој ја нарекол бескорисна, таа му одговорила, и тоа едвај „дека може многу подобро и дека тоа и го заслужува, па дека не ѝ треба вакво нешто во моментот“. Тогаш, тој се изнервирал па физички ја нападнал – скокнувајќи врз неа додека таа лежела на каучот. Ја давел и ја тресел, држејќи ја прво за главата, а потоа и за рамениците.

Ѝ се заканувал дека ќе ја убие!

Обидувајќи се да се одбрани, Блер му ги турнала прстите во очи и врескала колку што можела за да ја слушне куќната помошничка на катот. Меѓутоа, тој ја ставил раката на нејзината уста и ѝја турнал главата во каучот толку многу што таа не можела ниту да дише. Според понатамошните наводи, Селма поминала извесно време во несвест, пред тој да и удри шлаканица, а потоа и да ја турне.

Таа паднала на подот и почнала да и крвави од носот.

Фото: Профимедиа

Бидејќи ја напуштил куќата на познатата актерка, полицијата се појавила истата вечер. Во тоа време таа сè уште крвавела од носот, па дури и се онесвестила, а потоа била хоспитализирана. Поранешниот партнер на Селма бил уапсен – кривично дело семејно насилство со бројни телесни повреди. На полициските фотографии на актерката се гледаат модринки околу вратот, на брадата, а има јасни траги на насилство и на рацете.

За време на конфликтот ѝ се заканувал и дека ќе ја убие. Од друга страна, неговото барање и нејзе да ѝ се забрани приоѓање  било одбиено. Нивните адвокати се уште не се огласиле за споменатите медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julie Stamm (@iamstamm)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот