Болката во градите не е секогаш срцев удар: Состојби во кои се појавува, проверете, не претпоставувајте

Фото: Профимедиа

Многумина често ја поистоветуваат болката во градите со срцев удар, но постојат многу причини за болка во градите.

Срцевиот удар се случува кога значително ќе се намали или во целост ќе прекине протокот на крв кој го снабдува срцевиот мускул со кислород. Срцевиот удар може да предизвика болка која трае со часови и може да биде фатален доколку не се обратите кај лекар или не побарате медицинска помош.

Истегнат мускул во градите

Некој може да го помеша истегнатиот мускул на градниот кош со нешто посериозно како што е срцевиот удар. Здравствените работници не очекуваат луѓето да можат да направат разлика помеѓу болката од истегнат мускул и срцевиот удар, а често луѓето паничат поради овој вид болка, плашејќи се дека се во прединфарктна состојба. Можеби ќе можете да ја воочите разликата со притискање на ѕидот на градниот кош. Ако притисокот е болен, поверојатно е дека вашата болка е предизвикана од повреда, а не од проблеми со срцето.

Киселини во желудник (рефлукс)

Повремениот рефлукс е релативно чест и веројатно нема што да се грижите. Можеби имате гастроезофагеален рефлукс (ГЕРБ) ако имате рефлукс повеќе од еднаш неделно.

Желудочната киселина е многу кисела и затоа ГЕРБ предизвикува чувство на печење зад вашата градна коска.

Другите симптоми на ГЕРБ се хронична кашлица, засипнатост, гадење, болно голтање.

Перикардитис

Перикардитисот е воспаление на перикардот, односно на слоевите на ткивото што го опкружуваат срцето. Острата болка во левата или предната страна на градниот кош е еден од најчестите симптоми на перикардитис.

Болката може да се појави во стомакот, грбот, вратот или во рамената. Болката може да биде поинтензивна кога дишете длабоко, кашлате, лежите или голтате. Спротивно на тоа, болката може да се ублажи ако, додека седите, се навалите напред.

Други симптоми на перикардитисот се морници, сува кашлица, потење, отечени зглобови или нозе, замор, треска…

Костохондритис

Костохондритис е воспаление на ткивото што ги поврзува ребрата со градната коска. Типично, костохондритисот предизвикува да чувствувате притисок на ѕидот на градниот кош.

Точката на притисок може да биде чувствителна на допир како и кај напнатиот мускул. Ова е претежно безопасна причина за болка во градите, но сепак посетата на лекар е добра идеја ако наеднаш развиете костохондритис.

Панкреатитис

Акутен панкреатит е ненадејно воспаление на панкреасот, кој се наоѓа веднаш зад желудникот. Најчесто, панкреатитисот предизвикува интензивна болка во стомакот која може да се прошири до градите.

Покрај болката во градите, панкреатитисот може да предизвика симптоми како што се: чувствителен и отечен стомак, забрзано работење на срцето, гадење, повраќање…

Напад на паника

Нападот на паника е интензивна анксиозност поради реакцијата на вашето тело кое се „бори или бега“. Нападот на паника може да остава впечаток на срцев удар. Некои луѓе имаат семејна историја на напади на паника. Луѓето генерално го доживуваат нападот на паника ненадејно, а често и без позната причина.

Други симптоми на напад на паника: вртоглавица, чувство како да полудувате или умирате, чукање на срцето, препотување.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот