Боливудска актерка ненамерно го претвори во ПЕКОЛ животот на еден обичен човек

Принтскрин/Инстаграм

Боливудската актерка Сани Леоне во еден од своите филмови на глас кажува телефонски број, кој продукцијата мислела дека не припаѓа никому, но оттогаш еден 26-годишник воопшто нема мир.

Излегло дека навидум случајната низа од цифри всушност е телефонски број на 26-годишниот Пинит Аргавал, кој за „Би би си“ се пожалил дека од 26 јули па наваму воопшто нема мир. Него постојано му ѕвонат луѓе, дури и во раните утрински часови.

Тој најавил дека ќе преземе правни акции против продукцијата, за сцената со телефонскиот број да биде исфрлена од филмот, бидејќи телефонските повици целосно му го нарушиле мирниот живот.

Сани Леоне ја започна својата кариера како порно актерка, но сега снима боливудски филмови. Изненадувачки голем е бројот на мажи кои мислат дека во филмот таа го кажува својот вистински телефонски број. Аргавал исто така открил дека веќе неговите пријатели на шега го нарекуваат Сани од Делхи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот