Богоевски со порака на социјалните мрежи: Вредностите се над функцијата!

Пратеникот Павле Богоевски, откако денеска на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, со која претседава тој, информира оти поднесува оставка, се огласи и на социјалните мрежи

Тој попладнево на својот Фејсбук профил, напиша дека вредностите се над функцијата.

– Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш! – наведе во постот Богоевски.

На денешната седница на собраниската Комисија требаше да се расправа за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски. Богоевски рече дека оставката ќе ја активира откако на пленарна седница ќе му биде одземен мандатот на Груевски, а седницата на собраниската Комисија по ова прашање ќе ја презакаже.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот