Богоев за новите имиња на црната листа: Одлуките на САД не се непромислени туку силно елаборирани

Фото: Стефан Богоев/Слободен печат

„Малку сум изненаден од двете имиња, Најверојатно, прилично сум сигурен дека имаат здраво разумна логика и издржани причини, Стејт департментот не носи вакви одлуки односно во случајов Министерството за финансии во делот на санкциите или американската администрација генерално да кажеме не носи непромислени одлуки или одлуки базирани на ништо, туку и силно елаборирани. Тие немаат пракса да ги елаборираат одлуките што ги носат, но даваат силни експлицитни информации, рече Стефан Богоев,  директор на Царинската управа и потпретседател на СДСМ на ТВ 24, во врска со денешната објава на имињата на Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на црната листа на САД.

Тој во име на СДСМ јавно го повика Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешни работи во Собранието веднаш да ја свика Комисијата и веднаш да ја стави точката на дневен ред со предлог законот кој се однесува на оваа материја, односно Законот за рестриктивни мерки.

-Велиме САД ни се стратешки партнер, ЕУ исто така, многу ни е важно нивното мислење, веруваме на нивното законодавство, а кога тие носат одлуки во државава никому ништо. Груевски и Мијалков се на црна листа и никакви реперкусии нема, рече Стефан Богоев.

Тој посочува дека залудно ќе биде утре ВМРО-ДПМНЕ да излегува со соопштенија. И го повика Милошоски како претседател на Комисијата да ја свика истата и да се изгласа и да може да оди на пленарна седница на Собранието пред тоа да се распушти.

Пак третиот ешалон на Груевски

Богоев се осврна и на кандидатите кои ВМРО-ДПМНЕ ги нуди на пратеничките листи за кои вели дека се екипа која била трет ешалон во времето на Груевски.

„Правиме анкети и гледаме граѓаните за кого ќе дадат подршка во изборната единица и согласно анкетите ги носиме кадровските одлуки викендов на Конгрес. ВМРО ДПМНЕ од понудата која што ја дава за носители, не е ништо ново, истото од 2020 година, екипа која беше поразена и екипа која беше трет ешалон во времето на Груевски. Некаде на 2ри или 3ти април е краен рок за поднесување на кандидатските листи за пратеници во ДИТ. Ние викендов имаме конгрес. Реномето на човекот, рејтингот, кредибилитетот кој ќе биде прв, втор, трет, се секако најважни. Да има застапеност во региони и родова застапеност и состав пратенички кој ке има сеопфатна понуда, да има од сите сфери на општественото живеење. Од друга страна истите луѓе кои 2020 ги поразивме и истите кои беа трет ешалон на Груевски сега се прв ешалон во ВМРО-ДПМНЕ и ги гледаме како носители,“ рече Стефан Богоев.

Во врска со екс министерт Спасовски,и негово појавување како носител на листа, Богоев посочи дека анкетите ќе покажат и согласно кои ќе се донесат заклучоците.

„Изборите се тактика и стратегија,“ подвлече Богоев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот