Богата музичка програма за одбележување на 56 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Одбележувањето на 56 годишнината од катастрофалниот земјотрес  во Скопје ќе се одбележи со концерт  во Градскиот парк на кој ќе настапат балкански ѕвезди, меѓу кои Влатко Стефановски, Танос Ставридис (најпознатиот грчки музичар на хармоника), Биља Крстиќ и Биг Бенд.

-26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да го славиме животот, да ја славиме хуманоста и подадената човечка рака. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и неговите жители. Исто така, овој ден е значаен бидејќи треба секогаш да се потсетуваме дека нема играње со приридата и дека ова може да му се случи секому. И по 56 години важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Важно е да ги потсетуваме и младите генерации на она што светот го направил за нас, зашто сама така ќе ги научиме што значи хуманост и подадена рака во тешки моменти. Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту пак чествување. 26 јули е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас, велат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот