Блинкен: На БиХ ѝ се потребни ограничени уставни измени, а не Дејтон 2

Ентони Блинкен/ фото: ЕПА

Тој оцени дека треба да се подобри интегритетот на судството, да се намали обемот на корупција, да се подобри економското закрепнување и да се врати довербата на граѓаните во институциите.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, испрати писмо до членовите на Претседателството на БиХ во кое се наведува дека Соединетите држави сметаат дека Босна и Херцеговина треба да спроведе ограничени, но значителни уставни промени.

Тој исто така посочи дека нема да има Дејтон 2.

– Соединетите држави веруваат дека треба да се фокусираме врз спроведување на ограничени, но значајни уставни, изборни и економски реформи и владеење на правото, со цел да ги обезбедиме правата на сите граѓани во изборниот процес – наведува Блинкен во писмото.

Тој оцени дека треба да се подобри интегритетот на судството, да се намали обемот на корупција, да се подобри економското закрепнување и да се врати довербата на граѓаните во институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот