Блиц: Србија од 1 јуни ќе ја отвори границата кон Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора

За премин на границата ќе биде потребен тест за коронавирус или карантин од две недели.

Србија од 1 јуни во потполност ќе ги отвори границите со четири земји од регионот, објави белградски Блиц.

-Како што дознаваме, во потполност ќе се либерализира движењето со Северна Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора, пишува Блиц повикувајќи са на свои неименувани извори.

Ваквата одлука е донесена поради тоа што ниедна од наведенети земји не се жаришта на коронавирусот, пишува Блиц, како и поради студентите од Република Српска и Црна Гора.

Српските медиуми, кои ја пренесуваат оваа вест на Блиц и Курир, наведуваат дека за премин на границата ќе биде потребен тест за коронавирус или карантин од две недели.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српската влада, како и кризниот штаб сеуште официјално немаат соопштено за одлуката за отварање на границите на Србија со соседните земји, ниту пак начините на кои тоа ќе биде овозможено, во смисол на потребата од приложување на тест за коронавирус и времетраењето на истиот, како и потребата од двонеделен карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот