Блерим Даци од Чаир е лицето кое вчера беше убиено во Приштина

Фото: Принтскрин, KlanKosova YouTube

Блерим Даци од Чаир е лицето кое вчера беше застрелано во Приштина. Косовските медиуми соопштија дека Даци е познат на македонската и косовската полиција бидејќи се занимавал со трговија со дрога.

Возилото во кое бил пронајден убиенот Даци било со македонски регистарски таблички, a на околу еден километар од местото на инцидентот е пронајдено запалено возило со германски таблички, кое се пртетпоставува дека е користено за убиството. Во запаленото возило се пронајдени и два калашникови, за кои полицијата се сомнева дека се употребени за убиството на Даци.

Засега непознати сторители пукале со огнено оружје врз жртвата, маж, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежни полициски единици излегоа на местото на настанот, каде што забележаа дека во возило со македонски регистерски таблички се наоѓа едно лице, а надлежен лекар констатира дека лицето нема знаци на живот. Околу еден километар од местото на настанот е пронајдено запалено возило со германски таблички, за кое постои сомневање дека осомничените побегнале од местото на настанот, се вели во соопштението.

Околу 20:00 часот синоќа било пријавено дека имало пукање на улицата „Ц“ во Приштина. Косовската полиција излегла на местото на настанот, а според првичните информации од брзата помош, потврдено било дека едно лице е без знаци на живот.

Полицијата соопшти дека работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот