Благодарение на навремениот преглед овие славни жени го победија ракот на дојка

Иако справувањето со ракот на дојка може да биде крајно тежок и травматичен период, многу жени избраа да бидат отворени во врска со своето искуство за да ги едуцираат и да им понудат поддршка на другите жени што поминуваат низ тоа.

И славните личности се направени од крв и од месо, а повеќе пари не секогаш значат и имунитет на болестите.

Осум познати личности отворено раскажаа за своето искуство со ракот на дојка. Овие ѕвезди и самите се бореле со лошата болест и излегле од борбата како победници. Благодарение на тоа што се прегледале навреме.

Instagram
Instagram

Синтија Никсон

Познатата Миранда од серијата „Сексот и градот“ се разболе во 2006 година. На нејзината мајка порано исто така ѝ бил дијагностициран рак на дојка, па знаеле дека шансата и самата да ја добие болеста е поголема. Како што рекла во многу интервјуа, тоа ѝ дало повеќе сила да се справи со ситуацијата, а денес е една од активистките и се труди да ги едуцира жените и да го сврти внимание на редовните прегледи.

Profimedia
Profimedia

Кајли Миног

Поп-ѕвездата открила дека има рак на дојка додека била на светската турнеја во 2015 година. Тогаш имала само 36 години и веднаш се подложила на двојна мастектомија и хемотерапија. Денес е сосема здрава.

epa-efe
EPA/NINA PROMMER

Шерил Кроу

Пејачката го открила карциномот во почетниот стадиум. Немала никакви симптоми, а туморот го открила случајно, на мамограф. Оттогаш, Кроу ја користи својата популарност да ги натера жените на редовни прегледи, бидејќи навистина можат да им спасат животот.

epa-efe
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Рита Вилсон

Актерката и сопруга на Том Хенкс откри во 2015 година дека имала двојна мастектомија (отстранување на градите). Рита имала хистолошка хетерогеност во едната дојка, која ја држела под контрола со години, сè додека не станала поагресивна, по што одлучила да се оперира.

Instagram
Instagram

Џулијана Ранчиќ

Водителката го открила ракот случајно, пред да оди на преглед за да се подложа на вештачко оплодување. Во тоа време имала само 36 години и се подложила на двојна мастектомија, но не се откажала од својот сон да стане мајка. Во 2012 година, таа и нејзиниот сопруг добија син благодарение на сурогат.

epa-efe
EPA-EFE/NINA PROMMER

Кристина Ејплгејт

На актерката ѝ дијагностицирале рак кога имала 36 години. Била подложена на двојна мастектомија и хистеректомија, бидејќи била носител на генетска мутација на генот BRCA1, што ја зголемува можноста за развој на рак на дојка и рак на јајчници.

epa-efe
EPA-EFE/DAVID SWANSON

Џулија Луис Драјфус

Во 2017 година, актерката преку Твитер објави дека има рак на дојка. „Секоја осма жена заболува од рак на дојка. Денес, јас сум таа“, напишала таа. Две години подоцна, во едно интервју, открила дека се чувствува добро по зрачење и двојната мастектомија, а тогаш ја освои и својата седма номинација за наградата Еми.

Profimedia
Profimedia

Кети Бејтс

Оскаровката Кети Бејтс го победи ракот на јајчниците пред десет години, но во 2017 година открила дека боледува од рак на дојка. Оптимистичниот дух не ја напуштил актерката, па на Твитер коментирала: „Не ми недостасуваат градите колку што ми недостасува законот на Хари. Ви благодарам за прекрасните пораки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот