Битиќи: Ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за раст на пензиите сериозно ќе го загрозат Фондот на ПИОМ

Фатмир Битиќи / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи преку статус на социјалните мрежи реагираше на прозивките од страна на функционерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Совет на Град Скопје, Трајко Славески.

Битиќи во својата објава порача дека ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за наводно зголемување на пензиите може сериозно да го загрози Фондот за пензиско осигурување.

„Вие и вашата партија сте познати само по движењето контра, и никогаш напред, сега доаѓате со бомбастично ветување кое многу лесно го прочитаа преку 334.000 пензионери, на кои им ветувате зголемување од 5.000 денари на пензиите без да кажете кога и во колкав временски период ќе се случи тоа зголемување. Ако навистина тоа планирате да се случи веднаш после изборите, тогаш тоа е како да сте ставиле динамит на „браната чии загуби на вода“ од 48% во 2016 ги сведовме на подносливи 32% во 2023, и сега вие ја барате довербата од граѓаните со ветување дека оваа брана веднаш после можното идно доаѓање на власт ќе ја кренете во воздух. П.С. Браната е алузија на фондот за ПИОМ“ порача Битиќи.

Битиќи додаде и дека сите црни економски сценарија на ВМРО-ДПМНЕ се покажале како целосно неточни.

„Подолу ви е графиконот кој ги демантира сите ваши јавни настапи откако Белиот Дворец и вашиот ментор кој избега во Будимпешта преминавте во опозиција во 2017 година, а јас ќе споменам само неколку од нив:
Зголемувањето на платите врши силен инфлаторен притисок, неточно; платите ги изеде инфлацијата, неточно; зголемувањето на платите не ја следи продуктивноста, неточно; бизнисот нема да го издржи покачувањето на минималната плата, неточно“ пишува Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот