Битиќи: Реалниот раст на платата и на куповната моќ на граѓаните е 13,3 отсто

Фатмир Битиќи - вицепремиер / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Приоритетот на раст на платите кои го дадовме дава резултат, 23 месеци по ред имаме двоцифрен раст на просечно исплатената плата за околу 540.000 вработени, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Според податоците кои ги објави денес Државниот завод за статистика, просечната плата во јануари годинава изнесува 39.542 денари, што е зголемување за 16,5 отсто споредено со јануари 2023 година, кога изнесуваше 33.943 денари. За дванаесет месеци бележиме раст од 5.599 денари. Овој раст на просечната плата за јануари е чекор пред трошоците. Стапката на инфлација за овој месец изнесуваше 3,2 отсот, што зборува за реален раст на платата и куповната моќ на граѓаните за 13,3 отсто“.

Во нашата социјалдемократска визија, на постојаниот раст на платите гледаме како на еден од основните столбови на социјалната правда во државата. Затоа имаме понуда на економски политики кои создаваат услови за одржлив раст на платите и заштита на животниот стандард на граѓаните“, нагласи Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот