Битиќи: Инфлацијата се намалува, за неколку месеци се очекува повисоки плати до 20%

Фатмир Битиќи, вицепремиер/Фото: Слободен печат

Просечната исплатена нето плата по вработен во Република Северна Македонија според официјалните податоци на Државниот завод за статистика за месец март 2023 година, е рекордни 34.925 денари, пишува на фејсбук вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Индексот на исплатената нето плата за месец март 2023 споредена со исплатената просечна нето плата по вработен за март 2022, посочува Битиќи, е 112,4 и веќе се доближува до индексот на трошоците на живот (инфлација) кој за месец март според ДЗС изнесуваше 114,7. Трендот на намалување на инфлацијата, според него, ќе продолжи и понатаму во текот на оваа 2023 година, а тоа го покажуваат и сите релевантни институции во своите проекции: НБРСМ, Светска Банка, ММФ.

„Оваа влада со носењето на предвидливи и конзистентни економски политики и понатаму ќе овозможи константно зголемување на стандардот на своите граѓани чии плати се очекува да продолжат да раснат 10-20% во наредните неколку месеци. Дополнително креираме нови високо платени работни места, носејќи инвеститори кои воведуваат нови технологии и чии производи и услуги имаат висока додадена вредност, што неодминливо ја зголемува продуктивноста на целокупната домашна економија, а тоа е основниот двигател на растот на платите кои се повеќе и повеќе ќе растат“, наведува во објавата вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот