Битиќи: Ги слушаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение

Денеска е многу полесно да зборуваме затоа што имаме показатели, имаме индикатори како се одвиваше состојбата од март па наваму и како се движи економијата и сега можеме да правиме проекции, кои повторно нема да бидат сто отсто точни затоа што не знаеме што не чека, но веројатно дека ќе погрешиме е многу помала, вели советникот на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, за досега преземените и за идните мерки, нивната ефикасност и влијание врз економијата.

Битиќи во вечерашното гостување во Топ тема на ТВ „Телма”, кажа дека во март кога беа носени првите мерки и во почетокот на април, имаше непознаници, не се знаеше точно против што се бориме, колкав ќе биде ударот и затоа е проектирано онолку колку што вистински можеше за да не се загрози стабилноста на буџетот и на државата.

– Прв пат оваа држава се наоѓа во ситуација на вонредна состојба во која треба еден закон преточен од 150 страници да го пропишете на две страни… мислејќи дека е сосема доволно објаснет, начинот како е пропишано, сите ги толкувавме различно…и ние рековме добро ќе ги слушнеме што е тоа различно. Исходот од последните уредби е токму затоа што ги слушаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение што можевме да го добиеме. Еден од клучните проблеми е кога сакаме да се споредуваме со земјите, ние во суштина слушаме кои се мерките, но не знаеме како административно се спроведуваат, забораваме на законските решенија кои таму постојат, изјави Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот