Билоусов: Украина истражува 26.000 случаи на воени злосторства

украина напад

Украина истражува речиси 26.000 случаи на воени злосторства извршени од 24 февруари, од почетокот на руската инвазија врз земјата, а досега се обвинети 135 лица, изјави денеска главниот украински обвинител за воени злосторства, пренесоа британските медиуми.

Од 135 обвинети, петнаесет се веќе во украински притвор, а останатите 120 се уште се во бегство, изјави Јури Билоусов, шеф на одделот за воени злосторства на Канцеларијата на главниот обвинител.

-Досега до судовите се поднесени 13 предмети и донесени се седум пресуди, рече тој.

Во мај 21-годишен заробен руски војник ја доби првата пресуда -доживотен затвор за убиство на невооружен украински цивил, со што стана првиот човек осуден за воени злосторства во Украина по руската инвазија од 24 февруари.

-Некои не прашаа зошто ги гониме само нив… ниско рангираните војници. Тоа е само затоа што тие се физички тука… Доколку и генералите се тука, и доколку сме во можност да ги приведеме, тогаш без сомнение ќе ги гониме и нив, рече Билоусов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот