Биљал Касами: Има мнозинство во Советот, за тоа кој ќе биде во него ќе ве оставам уште малку да бидете љубопитни

Биљал Касами/ Фото: МИА

Општина Тетово најави дека во четврток ќе се одржи конститутивна седница на Советот, а градоначалникот Биљал Касами на прес-конференција навести дека има мнозинство, но не прецизираше кои партии ќе го формираат.

Советот на Општина Тетово брои 31 советник, од кои десет има Деморатска унија за интеграција, осум Движење Беса, четири ВМРО ДПМНЕ, три Алијанса за Албанците и по двајца од СДСМ, ДПА и група избирачи. За мнозинство се потребни 16 советници.

–Од почеток ние сме имале мнозинство, само поради овие вонредни ситуации не можевме да се подготвиме формално за седницата. За тоа кој ќе биде во мнозинството ќе ве оставам уште малку да бидете љубопитни, одговори Касами на новинарските прашања кога ќе биде седницата на денешната прес-конференција на која збореше за приоритетите во првите 100 дена работа.

Тој најави дека за прв пат ќе има можност работата на советот да се следи во живо преку интернет-страницата на општината во четврток од 11 часот. Општинската изборна комисија уште на 4 ноември ги додели уверенијата на советниците.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот