Били Ајлиш отворено проговори за жените: Ме привлекуваат, ги сакам, но и ме плашат

Фото: Instagram / billieeilish

Младата пејачка Били Ајлиш во новото интервју за „Варајети“ отворено проговори за односот со жените и призна дека ја привлекуваат, пишува „Инсајдер“.

Пејачката, која е на насловната страница на изданието „Пауер оф вимен“, изјави за магазинот дека во текот на животот се борела да се поврзе со другите девојки и жени.

„Никогаш не сум се чувствувала како да можам многу добро да се поврзам со девојките“, рече Ајлиш.

Сепак, тоа почна да се менува на почетокот на оваа година кога таа ја сними оригиналната песна за филмот „Барби“, во режија на Грета Гервиг.

„Многу ги сакам. Ги сакам како луѓе. Ме привлекуваат луѓе. Навистина ме привлекуваат. Физички ме привлекуваат. Но, ме заплашуваат нивната убавина и присуство“, објасни таа.

Иако Ајлиш не користела конкретен термин за да ја означи својата сексуалност, новинарот го опиша цитатот како „откровение“.

Фото: Instagram / billieeilish

Во интервјуто таа додала и дека никогаш не се чувствувала како жена.

“Никогаш не се чувствував пожелно. Никогаш не се чувствував женствено. Морам да се убедам себеси дека сум згодна девојка. Се идентификувам како ‘таа’ и такви работи, но никогаш не сум се чувствувала како девојка“, додадел Били.

Били Ајлиш: „Ријана е најсекси личност што некогаш постоела во историјата на светот“

ФОТО | Били Ајлиш до „хејтерите“: Идиоти, не се продадов, туку сакам да изгледам како вистинска жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот